САД усвоија санкции против 14 кинески официјални лица

од Stefanija Kuzmanovska
161 прегледи

САД денеска усвоија санкции против 14 кинески официјални лица, се наведува на веб-страницата на американското Министерство за финансии.

Сите се членови на Кинескиот национален народен конгрес, се наведува на веб-страницата.

Овој потег уследи откако владата на Хонг Конг, поддржана од Пекинг, минатиот месец протера четворица членови на опозицијата од својот законодавен дом поради наводно загрозување на безбедноста, објави Ројтерс.

Кинескиот парламент донесе нова резолуција која им дава можност на извршните органи на Хонг Конг да ги разрешат пратениците во законодавниот дом без судска постапка, доколку се процени дека тие ја поддржуваат независноста на тој град од матичната земја Кина.