САД веќе имаат 300.000 смртни случаи од коронавирус

од Vladimir Zorba
194 прегледи

Повеќе од 300.000 луѓе починаа од корона во САД, објави Универзитетот „Џонс Хопкинс“ вечерва кога започна вакцинацијата против вирусот во земјата.

Соединетите држави продолжуваат да бележат голем број новозаразени на дневна основа, со околу 200.000 заразени, додека 2.500 до 3.000 луѓе умираат дневно.

Со повеќе од 300.000 смртни случаи, САД изгубија исто толку луѓе колку и градот Синсинати во државата Охајо.

Повеќе од 16 милиони луѓе се заразени со вирусот од почетокот на епидемијата.

Да потсетиме, вакцинацијата започна во САД денес, а први кои ќе ја примат вакцината против Ковид-19 ќе бидат здравствените работници.