175
САД се загрижени за односите на Кина со Русија, додека Москва ја продолжува својата инвазија на Украина.
Да потсетиме, Владимир Путин и неговиот кинески колега Си Џинпинг во петокот одржаа видео средба.
„Пекинг тврди дека е неутрален, но нивното однесување јасно покажува дека тие се уште инвестираат во блиски врски со Русија“, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент.
Ројтерс, исто така, објави дека портпаролот додал дека Вашингтон „внимателно ги следи активностите на Пекинг“.