САД: Во просек има по 1.300 смртни случаи од Ковид-19 на дневно ниво

од Nikola Popovski
274 прегледи

Во САД, една недела пред Денот на благодарноста, расте бројот на смртни случаи од Ковид-19, а во просек се бележат повеќе од 1.300 смртни случаи дневно, што е најголема бројка од црната пролет во Њујорк.

Земјата вчера забележала 188 000 новозаразени со вирусот, што е најмногу за еден ден досега, а повеќе од 80 000 луѓе се хоспитализирани во болниците.

Здравствените експерти се загрижени дека патувањата за време на Денот на благодарноста и празничните собири ќе го зголемат ширењето на вирусот. Многу американски држави и градови воведуваат скоро целосно затворање и нови ограничувања.

Калифорнија воведе полициски час од 22 часот до 5 часот наутро, што опфаќа 94 проценти од 40 милиони жители на државата, додека Њујорк ги затвори сите училишта во четвртокот.

Вкупниот број на потврдени случаи на коронавирус во САД надмина 11,7 милиони, а починаа 252 000 луѓе.