135
Задолжителната вакцинација за припадниците на американската војска ќе започне да се применува од септември, според планот на Пентагон, поддржан од американскиот претседател Џо Бајден.
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин рече дека рокот може да се забрза доколку вакцината добие конечно одобрување од Американската агенција за лекови или ако стапката на инфекција продолжи да расте.
Тој рече дека нема да се двоуми да предложи друго темпо на вакцинација доколку има потреба од тоа, нагласувајќи ја важноста од „здрава и подготвена“ војска.
Бајден го поддржа воведувањето на задолжителна вакцинација за американскиот воен персонал.