САД воведуваат нови санкции кон Русија

од Nikola Popovski
188 прегледи

САД ќе објават нов пакет санкции против руските политичари и олигарси во четврток, кога претседателот Џо Бајден ќе се сретне со лидерите на НАТО, изјави во средата советникот на Бајден за национална безбедност Џејк Саливан, потврдувајќи ги вчерашните најави во медиумите.

Саливан, кој даде изјава за новинарите по заминувањето на Бајден за Брисел на самитот на НАТО, исто така рече дека за координацијата на санкциите ќе разговараат лидерите на Г-7 во петок.

Тој додаде дека тема ќе биде и снабдувањето со енергија на Европа. Тој рече дека Вашингтон ќе размисли за зголемување на испораките на течен природен гас за Европа во наредните недели за да ја намали зависноста на континентот од руската енергија.

Тој не даде детали, но соопшти дека претставниците на САД ќе можат да кажат повеќе за тоа во петок заедно со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.