САД: За 25 години Бугарија не мрднала во борбата против корупцијата

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Бугарија има напредок во многу области за 25 години, но во две има загрижувачки трендови – економскиот развој и борбата против корупцијата, изјави вд  амбасадорот  на САД во Софија Родерик Мур.8144_vest_р-мур

Тој прецизира дека не го искажува своето мислење, туку  тоа на луѓето во земјата. “Бугарските граѓани сметаат дека корупцијата се шири во оваа земја на сите нивоа и има една класа на луѓе кои се над законот. Пред 15 години, кога бев во Бугарија, поставувано бешеа  истото прашање – колку високи државни чиновници биле осудени за корупција?

Во одговорите само  ми се насмевнуваа. Овие  две недели го поставувам истото прашање и одговорот е ист “, рече Мур. Како што е познато, тој беше заменик-амбасадор во Амбасадата на САД во Софија во периодот 2000-2003 година. Според Мур, штом луѓето имаат чувство дека една класа е над законот, тоа е проблем. “Во САД има над 1.000 случаи на корупција на година на сите нивоа”, рече уште дипломатот.

Не  е САД  тој кој го предизвика бегалскиот бран

Во одговор на прашање Родерик Мур не се согласи со тврдењето дека бранот мигранти е резултат од активностите на САД. “Во Сирија тече трагична граѓанска војна. САД учествуваат во многу начини за наоѓање на мирно решение”, појасни дипломатот. По повод публикации во “Гардијан” дека САД ќе распоредат во Бугарија со борбени авиони F-22, Мур изјави дека нема такви информации. Тој додаде дека во Европа ќе бидат распореди слични авиони. Дипломатот рече дека нема информации и за намери САД да користи бази во Бугарија по примерот на оние во Турција. “Во Бугарија има привремено распоредување на американска техника. Тоа ќе продолжи да се случува периодично”, рече уште Родерик Мур.

Чудна е хистеријата околу распоредувањето на воена техника

Според него многу е чудна целата хистерија покрај распоредувањето на американска воена  техника во Бугарија, при положба дека двете држави се сојузници. Шефот на амбасадите на САД во Софија истакна дека Бугарија е суверена дражава, зема суверени одлуки и за сите случаи за распоредување на воени и техника се со согласност на Владата. Родерик Мур, истакна дека една од причините поради кои има зголемување на воената присуство на САД во Европа, се агресивни и незаконски активности на Русија во Украина.