Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја изрази загриженоста на САД поради вонредната состојба во Казахстан и додаде дека Вашингтон има прашања во врска со повикот испратен до руските безбедносни сили да интервенираат.
„Ми се чини дека казахстанските власти и владата имаат капацитет соодветно да одговорат на протестите, да го сторат тоа на начин што ќе ги почитува правата на демонстрантите додека го одржуваат законот и редот, па не е јасно зошто чувствуваат потреба да бараат помош однадвор.Се обидуваме да дознаеме повеќе за тоа“, сподели Блинкен пред новинарите, цитиран од Ројтерс.
САД соопштија и дека го одобриле доброволното заминување на службениците на американската амбасада и членовите на нивните семејства од Казахстан.