Безбедносниот проект „Safe city“ во моментов е во Скопје, Куманово и Тетово. Во тек е процес за надградба на целиот систем – тоа ќе ги вклучува и автопатите низ државата и тука ќе се вклучи и електронско утврдување на сообраќајните прекршоци. Идејата е да се проширува, пред се во големите градови, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски запрашан дали проектот ќе се прошири и во останатите градови од земјата.
Спасовски при посетата на СВР Штип истакна дека источниот регион од Македонија е прилично мирно и стабилно место.
-Сепак секаде што имаме видео-надзор, доаѓа до уште поголемо подобрување на безбедноста и откривачката дејсност на јавната безбедност. Проектот ќе се проширува за да се постигне повисоко ниво на сигурност, рече министерот.