Саинц четвртиот возач во историјата кој возел за Ферари, Мекларен и Вилијамс

од Vladimir Zorba
28 прегледи

На почетокот на сезоната 2025, Карлос Саинц ќе стане само четвртиот возач што возел за трите историски тимови во Формула 1 – Ферари, Мекларен и Вилијамс.

Како што е познато, оваа сезона Шпанецот ќе се натпреварува за Вилијамс откако последните четири години ги помина во Ферари.

Пред тоа, тој помина две сезони во тимот на Мекларен, па за него овие три ангажмани во трите тима доаѓаат последователно.

Пред него, само Џеки Икс, Најџел Менсел и Ален Прост се натпреваруваа за Ферари, Мекларен и Вилијамс.

Од трите, најинтересна е ситуацијата со Икс, кој возеше за сите три тима во сезоната 1973 година. Белгиецот учествуваше на десет трки со Ферари и по една со Мекларен и Вилијамс. Тој подоцна имаше уште еден краток престој во Вилијамс на почетокот на 1976 година.

Слични содржини