Карлос Саинц изјави дека добил понуди од сите Ф1 тимови кои се уште не ги избрале своите возачи за следната сезона. Досега, Ред Бул, Ферари и Мекларен ги потврдија своите возачи за следната година, а Мерцедес, Астон Мартин, Вилијамс, Заубер и Рејсинг Булс имаат по едно слободно место. Хаас и Алпин не најавија возачи за следната година.
„Сè уште не знам каде ќе возам следната година“, изјави Саинц за шпанската телевизија во Барселона. – Но имам можности, кои го чекаат мојот одговор. Ќе донесам одлука наскоро, сакам да го завршам ова што е можно побрзо и да се фокусирам до крајот на сезоната на мојот настап со Ферари бидејќи сакам повеќе подиуми и победи оваа година“.
Саинц повторно објасни дека неговите опции за следната година не се толку ограничени како што мислат аналитичарите.
„Тоа не е една можност, има неколку – инсистираше Шпанецот. – Сите тимови кои немаат потпишано со своите возачи за следната година ми понудија договор. Ако сакам, можам да потпишам уште утре, но нема да брзам. Наскоро ќе одлучам“.