Минатонеделниот победник на Големата награда на Велика Британија, Карлос Саинц, ги отфрли тврдењата дека има поделеност во Ферари меѓу таборите на двата возачи. Слични сомнежи се појавија во пресрет на она што се случи во Силверстон, каде што Шарл Леклер беше сигурен дека неговиот тим бил украден од победата поради погрешни стратегиски одлуки и доцна имплементација на тимските наредби.
Сепак, Саинц е категоричен дека неговиот колега се однесувал како господин по трката на која ја запиша првата победа во Ф1.
„По трката се беше нормално. Брифингот беше релативно краток бидејќи моравме да ја направиме групната фотографија и да заминеме на аеродром. Мислам дека Шарл имаше допинг контрола и затоа не успеавме да го направиме нашиот брифинг заедно. Како и секогаш се однесуваше како господин, каков што и е. Брифингот исто така беше нормален како и секогаш. Во суштина, без разлика дали некој од нас има лоша трка, тогаш имаме нормални брифинзи. Ова е една од нашите силни страни како колеги и тимски дух. Овие работи се секогаш под контрола“, рече Саинц.
Тој, исто така, ја коментираше неговата одлука да ги игнорира наредбите на Ферари да направи разлика меѓу него и Леклер пред рестартирањето на десет круга пред крајот на трката. Според Шпанецот, тоа била „правилната одлука“.
„Ферари победи, јас победив, тоа секако не беше погрешна одлука. Во тој момент совршено знаев што треба да направам за да не ја компромитирам трката на Шарл, но и да му ја донесам победата на Ферари. Ова е она што е најважно за тимот. Се што направив беше одмерено. Не го изложив Шарл на никаков непотребен ризик, но знаев дека лесно ќе го поминам со меките гуми. Ја победив трката за Ферари, што е добар резултат. Повторно би го направил истото и тимот ја сфати мојата позиција. Затоа и вторпат не побараа да направам растојание. Знаеја дека моите аргументи се сосема разумни“, прокоментира Шпанецот.