Сајкоски: Бугарија со отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ не сака да дојде до решение за спорот

од Nikola Popovski
203 прегледи

Кога зборувам за тешко време, зборувам и кажувам за она што се случуваше вчера од страна на бугарската влада и нивните претставници со отворање на клубот, културниот центар кој го нарекоа „Ванчо Михајлов“ и клуб преку кој кажуваат и докажуваат со нивната политика дека продолжуваат со негирање на македонскиот народ и на македонската држава, изјави Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, бугарската влада со начинот и пристапот на проблемот со Македонија само го носи прашањето да не се дојде до решение и на таков начин самата се амнестира од одговорноста што ја им пред европските институции.

-Ако промовираме европски вредности и ако одиме во Европа заедно, ние треба да работиме во насока на подобрување на демократијата, борба против фашизмот, а не да промовираме ликови кои што се како Ванчо Михајлов, докажани поддржувачи на фашизмот и докажани негатори на македонската нација.

Македонската влада треба веднаш да побара од Бугарија да се формираат македонски културни центри во повеќе градови на Бугарија со кои ќе се промовира нашата посебност и значењето на македонскиот јазик и македонската култура, вели Сајкоски после посетата на Ресен.

Слични содржини