Виктори, девојка со ангелски глас, ги воодушеви публиката и жирито на светски познатото шоу „Америка има талент“. На големата сцена ја изведе „Валцерот на Јулија“ од операта „Ромео и Јулија“, по што членовите на жирито беа воодушевени.
Суровиот претседател на жирито, Сајмон Кауел, ги повика своите колеги да ја испратат Виктори директно во финалето.
„Нема да ти кажеме „да“ денес. Ќе сториме нешто што никогаш порано не сме го направиле. Ќе ти дадеме нешто посебно“, рече Сајмон на деветгодишното девојче по нејзиниот настап во последната епизода од шоуто „Америка има талент“.
Претседателот на жирито ги повика колегите и водителот Тери Круз да го притиснат златното копче заедно.
„Не го очекував тоа“, го коментираше нејзиниот настап членот на жирито, Хови Мендел, нарекувајќи го „ангелски“.
Софија Вергара изјави дека Виктори е вистинска sвезда и дека има моќен глас.