Сајмон Кауел се огласи од болница по операцијата на ‘рбетот

од Vladimir Zorba

Креаторот и член на жирито на шоуто „Х Фактор“, Сајмон Кауел, доживеа несреќа пред неколку дена, поради што мораше да се подложи на операција.

Имено, Сајмон тестирал електричен велосипед во дворот на неговата вила во Малибу, а во таа прилика тој паднал и го повредил ‘рбетот.

Кауел зборуваше по операцијата и апелираше до сите да бидат многу внимателни кога станува збор за овој уред.

„Еден добар совет: Ако купите електричен велосипед, прочитајте ги упатствата пред да го користите. Паднав и го повредив ‘рбетот. Ви благодарам на сите за убавите пораки. Им благодарам на вработените во болницата. Чувајте се, Сајмон“, напиша тој.

Според странските медиуми, тој сега се чувствува добро, но ќе бидат потребни неколку недели модринките и отокот да се повлечат, но Кауел е оптимист.

Слични содржини