„Сака да си дојде дома“: Сопругата на Тозовац откри каква е здравствената состојбата на пејачот!

од Берта Китинска
374 прегледи

Ѕвездата на народната музика Предраг Живковиќ  Тозовац (85) се уште е во болница, а неговата сопруга Емилија откри каква е неговата здравствената состојба.

“Само што се слушнав со него. Тој прима соодветна терапија. Звучи добро и зборува убаво. Неговата крвна слика е подобра и тоа е добар показател за закрепнување. Тој вели дека едвај чека да излезе од болница, но не може во овој момент “, рече сопругата на пејачот.

Да потсетиме, Тозовац беше примен во болницата „Драгиша Мишовиќ“ пред два дена поради билатерална пневмонија предизвикана од инфекција со коронавирус.

Слични содржини