Сака го промашил пеналот поради клетвата на Киелини? (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
418 прегледи

Џорџо Кјелини, капитенот на италијанската фудбалска репрезентација, спектакуларно „учествуваше“ во промашен пенал во серијата од финалето на Европското првенство против Англија , со фрлање на клетва. Искусниот дефанзивец го изговори зборот „кирикочо“ во пресрет на пресрет на англискиот фудбалер Букаја Сака, кој е поврзан со митско значење.

Ова може да се види на видеото, во моментот пред Сака да го шутне пеналот, Кјелини му „фрлил клетва“, а потоа започна да слави по промашениот пенал со кој на Италија ѝ донесе титула европски првак.

Што значи кирикочо?

Според легендата, тоа бил прекар на навивач на Естудијантес, клуб од Аргентина, чие присуство на натпревари и тренинзи, наводно, било директно поврзано со повредите на фудбалерите. Во разговор со новинар од Аргентина, Киелини ги потврди сомневањата дека ја употребил „клетвата“.

„Да, можам да потврдам сè. Кирикочо! “, со широка насмевка изјави Кјелини, која му беше присутна на лицето уште пред одлучувачките моменти во полуфиналето и финалето на Европското првенство.

Митот за клетвата се прошири низ земјите кои припаѓаат на областа каде се зборува шпански јазик . Познат е случајот кога шпанскиот репрезентативец Жоан Капдевил му „врескаше“ на холанѓанецот Арјен Робен во финалето на СП 2010 година.

Сепак, магијата не му помогна на Мексико, на Светското првенство во 2014 година, кога нивниот коментатор исто така „врескаше“ пред изведувањето на пеналот кој го шутираше Клас-Јан Хунтелар.

Photo by Andrea Staccioli/Insidefoto/LightRocket via Getty Images

Слични содржини