242
Украинскиот претседател Владимир Зеленски објави видео на кое се гледа моментот кога проектилот го погодил трговскиот центар во Кременчук. На снимката се гледа експлозија и голем облак чад.
Во нападот загинаа најмалку 18 лица, што предизвика остра меѓународна осуда, вклучувајќи ја и осудата на лидерите на најмоќните земји во светот кои се собраа на самитот во Германија.
„Рускиот проектил намерно го погоди токму овој објект. Очигледно тоа беше наредба. Очигледно е дека руските атентатори ги добија овие координати за проектилот. Сакаа да убијат што повеќе луѓе во мирен град, во обичен трговски центар“, рече Зеленски.