244
Прилепската полиција го уапсила 53-годишниот Н.К. од Ресен бидејќи претходно со неговото возило комбе „мерцедес спринтер” се обидел да прегази комунални инспектори и полициски службеник кои вршеле службени дејства.
Според СВР Битола, полицијата пукала во гумите на возилото за да го запре лицето.
Ресенчанецот бил отстранет од пред градскиот пазар во Прилеп каде продавал производи.
-Н.К. е приведен во полициска станица, а известени се Јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. По документирање на случајот против сторителот ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во соопштението од полицијата.