Сакал да пријави проститутка поради „лоша услуга“, па добил казна од 800 евра

од Nikola Popovski

Маж од шпанскиот град Албал и платил на проститутка 30 евра, а потоа отишол во полициска станица да ја пријави затоа што „не ја завршила до крај платената услуга“, но полицијата подоцна го казнила со 800 евра за плаќање сексуални услуги, објави локалната полиција.

Кога неименуваниот маж во Албал, град на 8 километри од Валенсија, влегол во станицата за да ја тужи проститутката, полицајците му рекле дека казната е до 800 евра за користење на такви услуги.

Тогаш му била изречена максимална казна, со што човекот кој полицијата го означила како „путеро“ е првиот човек што ќе биде казнет поради користење на услугите на проститутки на јавно место.

Албал со 16.600 жители стана првиот град во Шпанија во борбата против проституцијата и сексуалната експлоатација на лица.

Таа борба започна откако 19-годишната Романка Флорина Гогош исчезна во јануари 2021 година додека давала сексуални услуги. Нејзиното тело било пронајдено во блискиот канал, а потоа бил уапсен 60-годишен маж, локален трговец кој бил осомничен дека ја задавил.

Неколку општини околу градот Валенсија се обединија во борбата против проституцијата на тамошниот автопат V-31.

Слични содржини