265
МВР информира дека во текот на денешниот ден од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар околу 12.45 часот на бул.“11-ти Октомври“, на автобуската постојка на Зелен пазар, бил лишен од слобода С.И.(55) од Скопје при обид да одземе паричник од лице кое влегувало во автобус.
Тој бил задржан во полициската станица Центар, известен е Јавен обвинител и по целосното документирање на случајот ќе следи соодветна кривична пријава.