„Сакаш ударен наслов, ѓубре едно“: Рики Мартин бесен откако водител го натера да признае дека е геј

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Американскиот водител Били Буш се присети како Рики Мартин реагираше бурно откако го праша дали е геј. Сега се кае што му ја нарушил приватноста и го принуди да го признае тоа.

Буш откри дека за време на интервјуто, му кажал на Рики дека осум луѓе со кои разговарал во лобито претходната вечер сакале да знаат дали е геј.

„Се замрзна на столот и праша: „Што?“, а јас реков: „О, не, не“. Тој рече: „Кретен еден“, го извади микрофонот и рече: „Сакаш ударен наслов, ѓубре едно“.

Потоа пејачот го напуштил сетот, а продуцентот бил бесен поради ова и рекол: „Ова е ужасно“. Водителот отпатувал во Мајами за интервјуто, а по скандалот, бил повикан од неговите шефови во Лос Анџелес и критикуван.

„Не е моја работа да ги повредувам луѓето. Мојата работа е да сфатам кој сум и каде одам, а во животот мора да бидете спремни да правите грешки“, рече Буш. Тој веднаш му се извини на пејачот, велејќи: „Рики, многу ми е жал што го поставив тоа прашање. Не знам што мислев. Беше несоодветно. Многу ми е жал и ветувам дека ова интервју никогаш нема да ја види светлината на денот.“

Рики му признал дека се борел со тоа целиот свој живот.

„Ќе го кажам тоа кога времето и местото ќе бидат соодветни. Нема да биде тука во оваа емисија додека го промовирам албумот. Ова е многу лично за мене. Ти благодарам што се врати тука. Ти простувам“, рекол тој.

Рики јавно се огласи во 2010 година, околу седум години по ова интервју.

Слични содржини