„Сакаше да лекуваш луѓе, ја почна својата мисија, но не ја заврши“: Потресно простување од студентка по медицина која загина во пожарот во Кочани

од Nikola Popovski
1,3K прегледи

Студентката по медицина, Кети Милковска од Македонска Каменица е една од жртвите што загина во пожарот во кочанската дискотека минатиот викенд. Нејзините најблиски веќе се збогуваат со неа по социјалните мрежи.

– Нашата убава девојка. Смеј се, само смеј се, а ние ќе го чуваме споменот за тебе, гласи еден од бројните коментари на Фејсбук.

-Не успеа да исполниш сè што замисли. Сакаше да ги лекуваш луѓето и да им помогнеш, ја започна својата мисија, но не ја заврши. Се сеќаваме на вас и ќе те паметиме, гласи едно од простувањата со Кети на социјалната мрежа Инстаграм.

На социјалните мрежи беше објавена фотографија во рамка од Кети и уште една како се палат свеќи за неа. Со скршени срца сограѓани оддадоа спомен за упокојување не само на Кети, туку и на многуте млади загинати во тешката несреќа во Кочани.

Истрагата досега лиши од слобода 25 лица во врска со несреќата. Полициските службеници, инаку раководни лица во Секторот за внатрешни работи Штип и Полициската станица од општа надлежност Кочани, се осомничени за кривичното дело тешки дела против општата сигурност. Триесет дена притвор им е одреден на сите седуммина полициски службеници против кои Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска отвори истрага, а во врска со трагедијата во Кочани.

Инаку, истрагата против полициските службеници се спроведува одделно од онаа во Кочани, а за која надлежно е тамошното Основно јавно обвинителство и каде во моментот постапката е во фаза на предистрага во која засега се опфатени 18 лица.

Денеска е предвиден погребот на сите починати во несреќата. Досега животот го загубија 59 лица, а над 150 се здобија со тешки телесни повреди.

Слични содржини