Американскиот претседател Џо Бајден по пристигнувањето во Тел Авив изјави дека „сакал да биде овде денес“.
„Сакав да бидам овде денес. Од едноставна причина што сакам народот на Израел, луѓето во светот да знаат каде стојат САД“, рече тој на заедничката конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Тој додаде дека САД тагуваат поради Израел.
Бајден рече дека Хамас „извршил злосторства поради кои Исламската држава изгледа донекаде рационално“.
„Мораме да имаме на ум и дека Хамас не го претставува целиот палестински народ и само му донесе страдање“, рече тој.
Американскиот претседател наведе дека се чини дека експлозијата во болницата била предизвикана од „другиот тим“.
Бајден денеска на аеродромот беше пречекан од премиерот и претседател на Израел, Бенјамин Нетанјаху и Исак Херцог.