255
Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах е добитник на наградата за Најдобар фудбалер во Премиер лигата за 2021 година во изборот на навивачите, пренесуваат британските медиуми.
Фудбалерите за оваа награда се номинирани од новинари од Англија, а навивачите потоа гласаат преку социјалните мрежи.
Салах освои дури 61 отсто од гласовите, а ова признание го добива вторпат во кариерата.
Второто место го освои фудбалерот на Вест Хем Деклан Рајс, а трет беше Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед.
Во топ 10 се и Фил Фоден (Манчестер Сити), Едуард Менди (Челси), Мејсон Маунт (Челси), Рубен Дијаз (Манчестер Сити), Кевин де Бруин (Манчестер Сити), Жоржињо (Челси) и Жоао Кансело (Манчестер Сити).