Салах го продолжи договорот со Ливерпул, откри поранешен египетски репрезентативец

од Vladimir Zorba
26 прегледи

Мохамед Салах деновиве е во центарот на вниманието поради неговиот нов договор. На крајот на годината му истекува соработката со Ливерпул, па логично сите се прашуваа дали ќе има нејзино продолжение.

Сезонава Салах веќе постигна 15 гола со 12 асистенции на 21 натпревар, што го прави најдобар играч на споменатиот тим.

Сепак, се уште нема ништо официјално околу договорот, барем засега, но поранешниот египетски репрезентативец Хајтам Фарук на светот му откри дека Салах веќе го парафирал продолжувањето на договорот.

Тој на социјалните мрежи му честиташе на Мохамед Салах за новиот договор, а англиските медиуми го сметаат Фарук за сигурен извор, со оглед на тоа што работи во една ТВ станица на Островот како консултант.

„Честитки за продолжувањето на договорот со бројот што го сакаш и периодот што го посакувавш. Кралот на Египет владее со своите дворови“, напиша Фарук.

Слични содржини