Салах го воодушеви Ливерпул пред дербито со Манчестер Сити

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах најверојатно ќе биде подготвен за големото дерби во недела против Манчестер Сити. Според извори блиски до „црвените“, египетскиот репрезентативец денеска треба да ги продолжи тренинзите со главната група на тимот.

Египќанецот пропушти серија натпревари во Премиер лигата поради повреда на мускулот што ја заработи на воведниот натпревар на Египет на Африканскиот куп на нации во јануари. Салах се врати во победата од 4-1 над Брентфорд, но по тој натпревар неговите здравствени проблеми се влошија.

На крајот на краиштата, напаѓачот сега е подготвен за целосен тренинг и се очекува да тренира заедно со останатите соиграчи во следните неколку дена.

Салах, исто така, најверојатно ќе добие минутажа кога Ливерпул ќе гостува во Спарта (Прага) во Лига Европа во четврток.

Натпреварот помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити е в недела од 17:45 часот на „Енфилд“.

Слични содржини