Напаѓачот на Ливерпул Мохамед Салах има устен договор со раководството на Барселона за преселба на „Камп Ноу“, тврди „Мирор“. Планот е Египјанецот да потпише со Каталонците следното лето кога ќе биде слободен играч.
Изданието нагласува дека ветувањето кое Салах и го дал на Барселона е причината поради која тој не го продолжил договорот со Ливерпул. Двете страни не разговарале за ова прашање веќе шест месеци. На нивниот последен состанок на оваа тема, имало огромна неусогласеност помеѓу тоа што играчот сакал и она што го нуди клубот.
„Не сакам да зборувам за новиот договор. Јасно е дека ќе останам и следната сезона“, изјави Салах по финалето од Лигата на шампионите.
Барса му објаснила на египетскиот репрезентативец дека во оваа фаза немаат финансиски средства да го привлечат, но ситуацијата ќе биде поинаква следното лето.
Ливерпул речиси сигурно ќе се раздели со Садио Мане, кој сака да се пресели во Баерн (Минхен). Сепак, од „Енфилд“ се оптимисти дека Салах сепак повторно ќе потпише, и покрај многуте шпекулации за неговата иднина.