Салах кажа дали ќе го напушти Ливерпул со Клоп

од Vladimir Zorba
254 прегледи

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах изјави дека нема намера да го напушти клубот и покрај тоа што главниот тренер Јирген Клоп треба да си замине на лето.

„Дали промената на тренерот ќе влијае на мене? Не не. Тоа е животот, се се менува, важни играчи и тренери веќе го напуштија Ливерпул. Еден ден ќе го напуштам тимот, но заминувањето на Клоп нема да влијае на мојата иднина“, изјави Салах, цитиран од Sky Sports.

Египќанецот игра за Ливерпул од јули 2017. Во сезоната 2023/24, напаѓачот постигна 19 гола и даде 10 асистенции на 30 натпревари за „црвените“ во сите натпреварувања.

Договорот на 31-годишниот фудбалер со клубот е до крајот на јуни 2025 година.

Слични содржини