Салах: Ми остана уште една сезона од договорот, па да уживаме

од Vladimir Zorba
32 прегледи

Египетската ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах, инсистираше на тоа дека не размислува за својата иднина и покрај тоа што има само договор до крајот на актуелната кампања.

Крилниот напаѓач е дел од „црвените“ од 2017 година, кога пристигна од Рома, а до денес има импресивни 213 гола на 351 натпревар. Сепак, 32-годишниот Египќанец сака да извлече максимум од актуелната кампања и во моментов не сака да гледа напред кон иднината.

Неодамна новиот тренер на Ливерпул, Арне Слот за медиумите изјави дека Салах, како и Вирџил ван Дајк и Трент Александер-Арнолд, кои се во слична ситуација, сами ќе одлучуваат за својата иднина.

„Пристигнав за новата сезона со една мисла во главата: ми остана уште една сезона од договорот, па да уживаме. Сега не размислувам за мојот договор, не размислувам за ништо друго, само сакам да уживам. Не сакам да размислувам за следната година или за иднината воопшто, ајде само да уживаме во ова време овде и сега, па потоа ќе видиме. Размислувам натпревар по натпревар, недела по недела, се чувствувам добро овде и тоа е тоа“, изјави Салах за Sky Sports.

Неговиот Ливерпул во недела ќе гостува во Манчестер Јунајтед во 17 часот по македонско време во едно од најголемите дербија на Островот.

Слични содржини