Гол машината на Ливерпул, Мохамед Салах ја претекна ѕвездата на Барселона Лео Меси во битката за „Златната копачка“ во Европа по последните настани во текот на викендот.
Египетскиот техничар постигна 4 гола на Вотфорд и на тој начин поведе еднолично во листата на голгетерите во Премиер лигата, а освен тоа е лидер во битката за престижната награда со 28 гола во шампионатот и 56 поени.
Зад него веднаш е Аргентинецот, кој има на сметката до моментов 25 гола во шпанското првенство и 50 поени, а третото место е за Единсон Кавани од ПСЖ со 24 гола и 48 поени.
Четврти во ранг-листата е Чиро Имобиле од Лацио, кој има 24 гола и 48 поени.
Петти е Хари Кејн со 24 гола и исто 48 поени, но тој практично тешко ќе се бори за титулата, бидејќи лекува непријатна повреда и се очекува да ги пропушти следните натпревари на тимот во Премиер лигата.
Само головите во шампионатот се земаат во предвид во битката за оваа награда.
Ако сепак на некој начин Меси успее да го престигне Салах што не е невозможно, тој ќе стане првиот играч во историјата со пет трофеи „Златна копачка“, откако до моментов има 4 на своја сметка.