Салах: Не ми е гајле за головите! Ја сакаме Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba
248 прегледи

Мохамед Салах ја смета ЛШ за најважниот предизвик пред Ливерпул и 40-те негови гола во сезоната се во заден план. Египќанецот ја достигна оваа граница со погодок против Борнемут во саботата и води во листата на реализатори за „Златната копачка“, но сезоната за Ливерпул допрва почнува.

Тие се борат со Манчестер Јунајтед за второто место во домашното првенство и уште поважно – играат против Рома во полуфиналето во најпрестижниот клубски турнир. „Сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите. Ако имав една желба, тоа би било тоа. Лигата на шампионите е најважниот турнир за сите во нашиот тим и не не интересира ништо друго“, изјави Салах за индивидуалните награди, кои може да ги освои по завршувањето на сезоната.

25-годишниот Салах има 30 гола во 32 натпревари за првенството со Ливерпул и е фаворит за фудбалер на годината во Англија.

Слични содржини