Салах никогаш поемотивен за заминувањето од Ливерпул: „Нека паметат дека бев таму…“

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Египетскиот фудбалер Мохамед Салах, кој игра во најдобрата форма во животот и го води Ливерпул до нова шампионска титула во Англија, во емотивно интервју уште еднаш најави заминување од „Енфилд“.

Ливерпул не ги исполни желбите на Салах да го продолжи договорот, па тој влезе во последните месеци од соработката. Преговорите се уште се во тек, а Египќанецот во неколку наврати нагласи дека ќе го напушти Ливерпул доколку наскоро не се постигне договор.

Салах претходно јавно кажа дека е поблиску до заминување отколку до продолжување на соработката, а сега емотивно им се обрати на навивачите на Ливерпул во интервју за ТНТ Спортс. За многумина ова е сигнал дека заминува од „Енфилд“.

„Сакам навивачите да се сетат дека им дадов сè. Му дадов сè на градот. Бев таму, не бев пасивен, само уживав во фудбалот и дадов се од себе. Мислам дека тоа е она што го има овој град. Тие ти даваат љубов и имаш врска со нив затоа што даваш се. Сакам само да ме паметат дека сум тука осум години и давам се од себе“, рече Салах.

Водител на интервјуто на ТНТ Спортс беше уште еден легендарен фудбалер на Ливерпул, Стив Мекманаман. Кога Стив директно го прашал каде ќе ја продолжи кариерата, Салах учтиво рекол дека нема да зборува за тоа.

За потсетување, Ливерпул има проблеми и со договорите на Вирџил ван Дајк и Трент Александер-Арнолд, кои исто така истекуваат следното лето, а се уште не се знае каква е нивната иднина.

Слични содржини