Мохамед Салах објави и семејна фотографија во божиќното издание оваа година.
Фудбалерот на Ливерпул се сликаше со сопругата и ќерките пред елката. Многумина го нападнаа во коментарите под фотографијата, бидејќи Салах е од исламска вероисповед. Му пишуваат дека направил харам (арапски збор за недозволиво). Неговата објава предизвика повеќе од 50.000 коментари и доби два и пол милиони лајкови.
„Срам да ви е, го предадовте исламот. Вие сте муслиман и не смеете да го славите Божиќ. Тоа го знаете!“, „Ова не е наш празник“, „Веќе не сте гордост на Арапите“, „Не дај Боже “, „Срам да ти е името“, „Престанете да го следите овој човек“, се коментарите со најмногу лајкови.
Има и такви кои го пофалија потегот на Салах и рекоа дека тој само покажува како ги почитува другите религии.
Салах и минатата година објави фотографија во божиќно издание. И тогаш многу муслимани го нападнаа египетскиот фудбалер во коментарите.