Салах очекува тежок натпревар против Јунајтед

од Vladimir Zorba
190 прегледи

Голгетерот на Ливерпул, Мохамед Салах во понеделник очекува тешко дерби против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“.

Два од најпознатите англиски клубови имаа лош почеток на сезоната, особено Јунајтед. Ливерпул со две ремија (Фулам 2:2, Кристал Палас 1:1), Јунајтед со два порази (Брајтон 1:2, Брентфорд 0:4) и е на последното место на табелата.

Ливерпул минатата сезона во двата меча го победи Јунајтед со вкупни 9:0. Посебно за паметење е триумфот од 5:0 на „Олд Трафорд“, но овојпат Египќанецот очекува многу поголем отпор од својот најголем ривал.

„Без разлика на се, Манчестер Јунајтед е врвен тим со врвни играчи. Немаа добар старт, но секако сакаат да не победат. Имам голема почит кон нив. Сигурен сум дека Манчестер Јунајтед со сите сили ќе се бори за победа на овој натпревар“, изјави Мо Салах.

Официјално најдобриот играч, прв стрелец и асистент минатата сезона во Премиер лигата, редовно ја тресе мрежата на „црвените ѓаволи“, но не ветува нови голови.

„Не можам да кажам дека ќе постигнам еден, два или три гола. Повторувам, нема да биде лесно, без разлика на лошиот старт на сезоната, имаат добри играчи и добар тренер“.

Јунајтед последен пат го победи Ливерпул во Премиер лигата во март 2018 година на „Олд Трафорд“ со 2:1. Оттогаш четири пати беше домаќин и доживеа два порази со две нерешени средби, додека на „Енфилд“ претрпе три порази со едно реми.

Дербито од третото коло во Премиер лигата ќе се одигра во понеделник во Манчестер со почеток од 21 часот.

Слични содржини