Салах одби да игра на Олимпијадата поради Ливерпул

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Мохамед Салах ја одбил поканата да игра за Египет на Олимпискиот фудбалски турнир бидејќи сака да се подготви што е можно подобро со Ливерпул за првата сезона под водство на новиот менаџер Арне Слот, тврди Мирор.

Доколку се согласеше да учествува на Олимпијадата и добиеше дозвола за тоа од клубот, напаѓачот ќе го пропуштеше најголемиот дел од предсезонските тренинзи, вклучувајќи ја и турнејата во САД.

32-годишниот Салах, кој влегува во последната година од договорот со Ливерпул, викендов ќе започне да тренира во базата на клубот од Мерсисајд.

„Сè уште го чекаме исходот од комуникацијата со Салах и неговиот клуб Ливерпул преку Египетскиот фудбалски сојуз. Дефинитивно го сакаме со нас. Посакувам Салах да игра со нас на Олимпијадата“, изјави селекторот на Египет, Руџеро Микали.

Сепак, според „Мирор“, одбивањето на Салах веќе е факт.

Слични содржини