Големата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах освои уште една награда по силната сезона. Египќанецот беше избран за играч на сезоната од навивачите кои гласаа на веб-страницата на Здружението на професионални фудбалери во Англија. Напаѓачот ја освои оваа награда по трет пат во кариерата.
Уште на крајот на април, Салах беше прогласен за Играч на сезоната од страна на Здружението на фудбалски новинари на Островот. Потоа ја подели наградата за Стрелец на Премиер лигата со Хјун-Мин Сон и стана Плејмејкер на сезоната откако ја заврши кампањата со 13 асистенции – една повеќе од неговиот тимски колега Трент Александар-Арнолд.
Вчера, неговиот гол против Манчестер Сити во октомври беше избран за гол на сезоната во Премиер лигата.
Досега, Салах ја пропушти само наградата за Играч на сезоната што ја доделува веб-страницата на Премиер лигата. Таму Египјанецот беше „претекнат“ од Кевин де Бруин.