Салах предизвика контроверзии со божиќна фотографија

од Nikola Popovski
221 прегледи

Спортистите ширум светот во текот на вчерашниот ден масовно објавуваат фотографии покрај елката со членовите на семејството со порака за „Среќен Божиќ“.

Голем дел од светот го слави најрадосниот празник според Грегоријанскиот календар, а интересно е што на овој тренд се приклучија и некои што не се христијани по вера.

Овој тренд во последните години го презеде Мохамед Салах, египетскиот фудбалер и најголемата ѕвезда на Ливерпул.

Секој 25 декември во последните неколку години објавува фотографии под елката со сопругата и децата. Поради тоа, секоја година добива илјадници коментари, особено од обожаватели од Египет и други арапски земји.

Честопати станува збор за критички коментари во кои го прозиваат и го навредуваат дека наводно ја срами исламската религија.

Овој пат доби повеќе од 140.000 коментари каде многумина бараат да ја избрише фотографијата, дека е срамота тоа што го прави, а од друга страна има и такви кои се шегуваат и пишуваат каква легенда е затоа што, и покрај критиките тој продолжува со оваа традиција на која очигледно најсреќни се неговите деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mohamed Salah (@mosalah)

Слични содржини