Салах со импресивно достигнување во Премиер лигата

од Vladimir Zorba
317 прегледи

Мохамед Салах ги зграпчи индивидуалните трофеи за најдобар стрелец (23 гола) за сезоната во Премиер лигата и за број 1 во асистенции (13). Така, египетската ѕвезда на Ливерпул стана само четвртиот играч во историјата на Премиер лигата, кој во една сезона има најмногу голови и асистенции од сите играчи. Пред него тоа го постигнаа Хари Кејн (сезона 2020/21), Џими Флојд Хаселбенк (1998/99) и Енди Кол (1993/94).

Дополнително, Салах веќе има 3 „Златни копачки“ за најдобар стрелец во Премиер лигата, а само еден играч има повеќе (4) – француската легенда на Арсенал, Тиери Анри.

Во неделата, Салах постигна гол за 2-1 во победата на Ливерпул со 3-1 над Вулверхемптон на „Енфилд“ во последното коло од англискиот шампионат.

Иако избраниците на Јирген Клоп собраа 92 бода, шесткратниот европски клупски шампион остана втор во конечниот поредок, со еден бод помалку од шампионот Манчестер Сити.

Слични содржини