13
Напаѓачот Мохамед Салах по рекорден седми пат ја освои наградата за играч на месецот во Премиер лигата. Тоа го заслужи по фантастичната сезона и шест гола во февруари, заедно со четири асистенции.
Конкуренти на Салах за наградата беа Бето, Жан-Филип Матета, Јанкуба Минте, Џед Спенс и неговиот соиграч Доминик Собослаи.
Со освојувањето на оваа награда, Салах се изедначи со Серхио Агуеро и Хари Кејн на врвот на листата на играчи со најмногу награди за играч на месецот. Досега со по шест награди друштво му правеа Стивен Џерард и Кристијано Роналдо.
Салах, исто така, беше прогласен за играч на месецот во Премиер лигата во ноември 2017, февруари 2018, март 2018, октомври 2021, октомври 2023 и ноември 2024 година.