Египетскиот фудбалер Мохамед Салах изрази желба да го освои трофејот со репрезентацијата и истакна дека титулата на Африканскиот куп на нации ќе биде негова најомилена што го освоил во кариерата.
Салах со Ливерпул беше шампион во Премиер лигата, а ја освои и Лигата на шампионите. Сега со Египет сака да ја освои титулата на Африканскиот куп на нации.
„Сакам да освојам нешто со репрезентацијата. Тој трофеј би бил сосема поинаков од сите што ги имам освоено досега, би ми бил омилен“, изјави Мо.
„Бевме блиску до титулата на Африканскиот куп на нации во 2017 година, кога загубивме од Камерун во финалето. Но, можам да ве уверам дека ова е трофејот што најмногу сакам да го освојам. Работам напорно за да го остварам тоа“.
Египет во среда во осминафиналето ќе игра против Брегот на Слоновата Коска.
„Нема да ни биде лесно. Но, ние сме во налет. Ќе биде многу тесен натпревар“, заклучи Салах.