УЕФА се збогува со поранешниот палестински репрезентативец Сулејман Ал-Обеид, кој беше убиен во израелски напад во среда додека чекал хуманитарна помош во храна во Газа.
„Збогум со Сулејман ал-Обеид, „палестинскиот Пеле“. Талент кој им даде надеж на децата, дури и во најтешките времиња“, објави УЕФА покрај неговата фотографија.
Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Мохамед Салах зборуваше на оваа тема на своите социјални мрежи. Ѕвездата на Ливерпул ја коментираше ваквата објава:
„Можете ли да ни кажете како почина, каде и зошто?“.
Објавата предизвика многу критики на социјалните мрежи бидејќи УЕФА не ги прецизираше околностите на неговата смрт и не ја спомена израелската армија.
„Колку жално е што не споменувате како Израел го уби додека чекаше во ред за да добие помош за своите гладни деца. Срамота“, напиша новинарот Ахмед Шихаб-Елдин.
View this post on Instagram
Според Палестинската фудбалска асоцијација, израелските напади досега убиле 321 лице поврзано со фудбалот во Палестина.
Обеид беше убиен во бомбардирање од страна на израелската армија додека чекаше хуманитарна помош во Газа. Тој имаше 43 години. Како што пишува „CNN“, Ал-Обеид починал во средата наутро. Веста за неговата смрт ја потврди и Палестинската фудбалска асоцијација.