Салах во солзи по поразот од ПСЖ: Дали се прости од Лигата на шампионите и борбата за „Златната топка“?

од Vladimir Zorba
42 прегледи

Египетскиот фудбалски ас Мохамед Салах беше многу вознемирен од синоќешниот пораз од ПСЖ во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Ливерпул, кој го зазеде првото место по лигашкиот дел од натпреварувањето, доживеа елиминација во осминафиналето од Лигата на шампионите по изведувањето пенали против ПСЖ, а по завршувањето на натпреварот, камерманите ги снимија прославите на фудбалерите на францускиот шампион, како и реакциите на играчите на „црвените“.

Посебно внимание привлече Салах кој единствено реализираше пенал за Ливерпул. Египќанецот беше во солзи и многу разочаран отиде во соблекувалната.

Тоа воопшто не е изненадувачки ако се земе предвид дека синоќешниот настап на „Енфилд“ може да биде последен во неговата кариера во Лигата на шампионите.

Салах на крајот од сезоната ќе наполни 33 години, а со оглед на тоа што од 1 јули ќе биде слободен играч бидејќи не го продолжи договорот со Ливерпул, се поизвесно е дека повеќе нема да го гледаме во дресот на „црвените“, ниту во некое елитно европско фудбалско натпреварување.

Имено, Салах наводно веќе бил контактиран од клубови од Саудиска Арабија кои нема да штедат трошоци за да го доведат, па не би било чудно доколку следната сезона го гледаме на истите терени како неговиот поранешен соиграч Садио Мане.

Египќанецот игра брилијантно за Ливерпул оваа сезона, постигнувајќи 32 гола и 22 асистенции на 42 натпревари, но елиминирањето од Лигата на шампионите во осминафиналето значително му ги намали шансите за освојување на „Златната топка“, што можеби е и една од причините што синоќа во солзи си замина од „Енфилд“.

Слични содржини