Министерот за здравство Беким Сали на својот фејсбук профил објави дека денеска го посетил инфективното одделение во Клиничката болница во Тетово.
-Денес ги посетив ковид пациентите на инфективното одделение во тетовската клиничка болница, тука се хоспитализирани 14 лица. Само во текот на денешниот ден амбулантски се прегледани 52 пациенти. Медицинскиот персонал ме информиеаше дека иако бројот на болни во изминатите денови е зголемен, охрабрува фактот што поголемиот дел од нив е со поблага клиничка слика, вели Сали.