Сали: Четвртиот бран на ковид се смирува

од Берта Китинска
263 прегледи

Според досегашните резултати сметаме дека нема потреба да се продолжи со скринигнот, затоа што ја постигнавме целта, вели министерот за здравство Беким Сали, бидејќи процентот на инфицирани ученици е многу мал. Тој напомена дека бројките на новозаразени секојдневно се следат и сега се наоѓаме во фаза на смирување на четвртиот бран.

-Баравме од овој скрининг да видиме колкав е процентот на новоинфицирани деца, гледаме дека бројката е многу мала, 0,8 отсто, така да нема потреба од продолжување со скринингот. Секојдневно ги следиме бројките, така да сметаме дека сме во фаза ан смирување на четвртиот бран, изјави Сали.

За тоа дали на утрешната седница на Комисијата за заразни болести ќе се предложи дополнително намалување на мерките, министерот посочи дека прво ќе се направи анализа на епидемиолошката состојба и таа ќе даде насока во кој правец ќе се движиме.

– Серолошкиот скрининг ќе ни даде дополнителна информација како да постапуваме. Секако, ние ќе правиме анализа на состојбата која се случувала минатата недела, и ќе одлучиме за идната недела во зависност од резултатите од скринингот, додаде Сали.

Слични содржини