287
Министерот за здравство, Беким Сали информира дека денеска бил во посета на заболените дечиња со ковид, кои придружувани од родител се хоспитализирани во ковид-центарот на Детската болница Козле.
-Дечињата се во стабилна здравствена состојба и им посакав побрзо закрепнување и враќање во своите домови, како и безгрижна детска игра. Исто така, во рамки на посета на оваа установа, направив увид и во Центарот за цистична фиброза, каде пациентите се лекуваат според најсовремени стандарди и опрема за третман на болните од цистична фиброза. Огромна благодарност за медицинскиот персонал во оваа установа за грижата за пациентите во услови на пандемија кога секојдневно се соочуваат со предизвици, соопшти Сали.