Откако бев сведок на драматичниот спектакл што го приредија одредени членови на Алијансата на Албанците, предводени од никој друг туку од министерот Фатмир Меџити, како одговор на мојата претходна објава на ФБ, сосема е фер да им дадам одговор за кој се чини дека посакуваат, вели во својата реакција поранешниот министер за здравство, Беким Сали.
„Да почнеме со очигледното – министре Меџити, можеби е време да ја поштедите јавноста од вашите емотивни испади и хистерии на страницата на Министерството. Граѓаните не ве избраа за да го покажете вашиот бес. Тие заслужуваат повеќе достоинство од нивните именувани функционери.
Меџити, се чини дека се соочувате со проблем на кредибилитет и доверба. За кого навистина работите? Чии конци влечете? Крајно време е да ги објасните вашите манипулации зад сцената. Дали е случајно што јавно негирате дека плаќате некого, а сепак зад затворени врати брзате да преговарате со компаниите вклучени во дебаклот на модуларната амбуланти дека на владини седници сте добиле налог од шефовите? Вие на 11 јули се признале дека имате договор со БРАКО плаќања Зар се демантирате себеси ?! Не е добро да се служите со лаги. Подолу ви е документот.
Граѓаните заслужуваат одговори. Кога сме кај одговорите, министре Меџити, еве еден предизвик за вас: дали можете со чиста совест да му објасните на јавноста како го оправдувате барањето плаќање за компанија вмешана во обвинувања за неправилности, сомнителна ревизиска документација и судски хаос? Или тоа е премногу за да се бара од министер?
А да не навлегуваме ни во жалната состојба на вашиот мандат досега:
Завршени проекти: Фиаско. Сериозно, дали остварувањето дури и на само два проекта е премногу да се бара од вас?
А потоа е обвинувањето и од другите опозициски субјекти, кои тврдат дека се занимавате со изнуда и рекет кон веледрогерии. Велат дека располагаат со факти. Тоа вие го знаете најдобро. Дали сакате да ја споделите вашата страна од приказната? За само седум месеци, министре Меџити, вашето портфолио е ремек дело во потфрлувања и контроверзии. Успеавте да разочарате на секој фронт – вашите гласачи, вашата партија и вашите ветувања. Речиси е импресивно колку брзо сте паднале во длабочините на разочарувањето. Браво!
За Алијансата на Албанците – навистина се надминавте себеси. Ресорот здравство, предводен од славниот Меџити, не е ништо помалку од учебнички пример за разочарување. Вашите поранешни поддржувачи мора да бидат воодушевени од шоуто што го приредувате“, се додава во реакцијата на Сали.