391
Министерот за здравство, Беким Сали информираше дека имаат голем број поплаки и голем е бројот на пациенти кои што после прележаниот Ковид-19 се жалат на нови болести.
-Ковидот е фактор кој што влијае на општата здравствена состојба на пациентите и остава траги во организмот и тоа кај секој прележан има различен ефект. Статистички после некој период ќе ги утврдиме. Работиме како да се справиме со пост-ковид синдромот кај пациентите. Работиме и на план што после ковид-кризата, рече Сали во емисијата „Клан дебата“.