Сали: Имаме вакцинирано 41% од населението, нема логика за укинување на мерките

од Nikola Popovski
320 прегледи

Вакцинацијата кај нас ќе ја опишам фигуративнo: Сакаме да се најадеме, но само со една лажица на еден час. Затоа никогаш нема да се најадеме, рече министерот за здравство, Беким Сали во гостувањето на емисијата „360“, говорејќи за нискиот степен на вакцинација во нашата земја.

Според него, масовната имунизација се прави за кратко време и кога ќе постигнеме одреден степен сметаме дека нашето население е имунизирано и може слободно да функционира.

-Од средбата со амбасадори од разни земји кај нас дојдов до информации дека во Италија се имунизирани 91% од населението, во Велика Британија 86%, Данска и Јапонија се над 80%. Нашите граѓани гледам дека споделуваат се укинуваат мерките во Данска, а кај нас се уште ги има. Па ние имаме само 41% вакцинирани, ниту половина од нив. Со која логика да ги укинеме, прашува Сали.

Слични содржини