349
Министерот за здраство Беким Сали во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека ја очекуваат вакцината на Џонсон.
Според министерот, оваа вакцина еднаш се аплицира, а ги покрива двете дози.
„Со Џонсон вакцината ќе бидеме покриени до крај на март 2023 година. Тоа значи дека имаме сосема доволно вакцини“, вели Сали.